Ова е новата банкнота од 50 евра

Сподели со своите пријатели

Во 19 земји од евро зоната од денес во оптек е пуштена новата банкнота од 50 евра. Освен новиот дизајн ќе има и подобра заштита од фалсификување.

Банкнотата која вчера е претставена на конференцијата за новинари во прази ќе биде испечатена во вкупно 6,5 милијарди примероци, од што една милијарда во Франција, во печатницата Шамалијер близу Клермон Феран.

Сегашната банкнота од 50 евра, која најчесто е користена банкнота во евро зоната, а никогаш не е изменета од единствената валута од 2002 година, постепено ќе биде повлечена.

Банкнотата од првата серија ќе може и натаму слободно да биде во оптек. И натаму ќе биде важечка – нагласис генералниот директор за стопанство во Централната банка на Франција.

Покрај новите банкноти од 5, 10 и 20 евра кои се пуштени во оптек во 2013 година, новата банкнота од 50 евра е направена по нов модел со примена на врвни механизми за борба против фалсификување.

Според податоците на Европската централна банка, банкнотите од 50 евра претставуваат 45% од целосниот обем на банкнотите во оптек во евро зоната, но само 30% од банкнотите користени во Франција, каде домаќинствата повеќе ги користат банкнотите од 20 евра.

Француската централна банка објавила дека еврото е една од најмалите фалсификувани банкноти во светот, со стапка на фалсификува од 0,003%.

 

Loading...