Сообраќајка го блокираше патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Сообраќајна незгода денес од 12 часот го блокиаше магистралниот пат А2, Крива Паланка – Куманово кај месноста викана „Просеченик“, информираат од АМСМ.

Како што стои во соопштението сообраќајот беше во прекин во двата правци поради увид на местото на несреќата, и е пуштен неколку минути пред 14 часот.

По останатите патишта се одвива без застои по наместа влажни коловози.