СЕКУНДИ ОД ПЕКОЛОТ: Бик од 450 килограми го прободе низ грлото (вознемирувачко видео)

Сподели со своите пријатели

Даниел Гарсија Наварета (23) моментално води битка за својот живот откако разлутен бик го прободел низ грлото, устата и јазикот во најголемата арена за коридо во Лоса Вентас, Мадрид.

Во коридата во кои инаку биковите обично стануваат сериозно повредени и брутално убивани, се случува понекогаш и по некој матадор да настрада.

Така младиот Даниел, бикот кој го го убиваше во дебитантската борба, го возврати ударот и тоа пред 10.000 луѓе во публиката. Првин мислеа дека матадорот е рането во бутот, но кога го одврзале во болница, лекарите утврдиле дека е прободен четири пати, два пати во вратот и два пати во вилицата.

 

Loading...

 

Стравичното видео го покажува моментот кога бикот го фрла во воздухот матадорот, а потоа паѓа на земја, додека во позадина може да се слушнат ужасните крици на публиката.

Повредите кои го задобил Даниел Гарсија толку биле сериозни што му биле оштетени мускулите и нервите, а лекарите укажуваат дека е вистинска среќа што воопшто останал жив, пишува „Дејли мејл“.

https://youtu.be/ekQbrApokHw