Вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ во штрајк, нема изнесување на сметот (фото)

Сподели со своите пријатели

Дел од вработените во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ утринава не влегоа во камионите за иснесување смет и стапија во штрајк откако не им биле исплатени последните две месечни плати.

 

Loading...

 

Новинарските екипи утринава наидоа на голема арогантност при обид да го снимаат настанот. Вербални закани со тужби, кршење опрема и недозволување да снимаме беа само дел од непријатностите кои ги доживеавме. Откако се обидовме да им објасниме дека тоа не е приватен имот, туку имот од јавна сопственост, ни рекоа дека им доцнат две месечни плати и дека затоа се одлучиле на ваков чекор.

 

 

Исплашени да не добијат отказ не сакаа да зборуваат, меѓутоа рекоа дека штрајкот не го пријавиле, а десетина камиони нема да го собираат сметот во градот.

 

Loading...

 

Од депото се упативме до седиштето на претпријатието за став од раководителот Сашо Петрушевски. Иако рече дека ќе се појави за половина час, сепак не дојде, а на арогантно однесување наидовме и од чуварот. Откако го баравме, Петрушевски не креваше на својот телефон, па останавме без одговор како ќе се надмине оваа ситуација.

 

 

Овие настани следуваат, откако Управата за јавни приходи пред извесно време ги блокираше сметките на ЈП „Чистота и зеленило“ поради долг од над 50 милиони денари, стар скоро 15 години.