Хирурзи од болницата во источниот дел на саудискиот регион Ел Хаса останале шокирани откако од стомакот на 21-годишниот пациент извадиле сијалица.
Сијалицата во стомакот на засега неименуваното момче била цели 11 години, откако ја проголтал кога бил дете.Човекот со потекло од Ација, дошол во Ургентнио центар на болницата „Prince Saud Bin Jalawi“, жалејќи се на силна болка во абдоменот, мачнина, висока температура и замор.
По низа прегледи, компјутеризирана томографија, било откриено дека во стомакот има таинствен предмет. Веднаш бил подготвен за операција а лекарите останале шокирани кога виделе дека станува збор за сијалица.
Подоцна на лекарите им рекол дека сијалицата ја проголтал кога бил дете. За среќа се било завршено добро, а лекарите уште неколку дена ќе го остават на набљудување, по што ќе биде пуштен дома.
Loading...