ВМРО-ДПМНЕ: Казна за сторителите на вандалскиот чин со симнувањето на македонското знаме во Куманово

Сподели со своите пријатели

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот инцидент во Куманово кога од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското.

Партијата соопшти дека бара итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој што се гази врз македонското национално достоинство.

ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека тргувањето и преговарањето околу највисоките државни и национални интереси носи огромни потенцијални ризици. Од тие причини ВМРО ДПМНЕ укажуваше дека тиранската платформа мора да биде отфрлена и осудена од сите политички чинители, бидејќи ја доведува во опасност иднината на суверена и унитарна Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека револтот кај народот од таа платформа постојано расте и како што велат, заради тоа народот е на нозе и заради тоа Македонија се буди.