Компанијата задолжена за одржување на знамињата веќе се наоѓа на самото место под јарболот и во секој момент ќе го започне поставувањето на ново знаме, откако попладневно околу 16 часот неколку тинејџери од албанска националност го симнале македонското и на негово место поставиле албанско знаме.

При обид за апсење дошло до туркање на неколку лица со полицијата, при две лице биле приведени, а двајца службеници на СВР Куманово се здобиле со повреди.


