Тренер по стрелаштво силувал 13-годишно девојче

Сподели со своите пријатели

Полицијата од Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот во период од околу три месеци, во повеќе наврати, во просториите на стрелачки клуб лоциран во подрумските простории на гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, како тренер вршел полови дејствија над тринаесетгодишно девојче.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.