Во текот на изминатото деноноќие кумановските пожарикари бележат четири интервенции во доменот на своето работење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата итервенција била во среда навечер кога во период од 19:00 до 20:40 часот бележат интервенција на опожарена сува трева во атарот на селото Пелинце, поточно кај Меморијалниот центар АСНОМ, каде четворица пожарникари интервенирале со едно противпожарно возило.
Втората интервенција била во период од 17:05 до 18:10 часот во атарот на селото Проевце кај месноста викана Живкова Карпа. Вкупно тројца пожарникари биле ангажирани во гаснењето на огнот.
Интервенција имало и вчера во период од 13:10 до 13:55 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари на запален смет во населбата Перо Чичо.
Четвртата интервенција била вчеравечер во период од 19:05 до 19:40 часот на запалена сува трева на улицата „Михајло Пупин“ во населбата Перо Чичо каде исто така интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Loading...