Вчера околу 22.15 часот во Скопје во спортска обложувалница на ул. „Марко Крале“ непознат сторител извршил разбојништво над вработениот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сторителот со тупаница го удрил вработениот и од рацете му одзел една црна кеса во која имало околу 200.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.