Полицијата пронајде дрога сокриена околу високонапонски трансформатор

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08.15 часот во непосредна близина на меѓуградска автобуска станица во Тетово, покрај високонапонски трансформатор, од страна на полициски службеници од СВР Тетово биле пронајдени две најлонски пакувања, завиткани со кафеава селотејп лента, со непозната зелена тревкаста материја со бруто тежина од по околу 500 грама.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при пребарување на теренот, на оддалеченост од околу 50 метри од претходното местото, пронајдено било уште едно најлонско пакување залепено со кафеава селотејп лента со непозната зелена тревкаста зелена материја, со бруто тежина од околу 500 грама.

Екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на настанот, а предметите се подигнати за вештачење. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.