Кумановец ќе одговара за поседување дрога

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А. (35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 24.03.2017 година, на обиколниот пат во селото Проевце, кумановско, од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот и е пронајдена непозната растителна материја. Исто така, извршен бил претрес и во неговиот дом каде се одземени 187,02 грама наркотична дрога „марихуана“.