Во јуни пресуди за случајот „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Судењата за терористичкиот напад кој минатата година се случи во кумановската населба Тоде Мендол се очекува да завршат во јуни кога на 37 лица обвинети за учество во престрлките со безбедносните сили во мај 2015 година ќе добијат конечна пресуда.

Во случајот загинаа вкупно 18 лица а судењата започнаа во февруари минатата година. Во јуни 2016 судењето започна од почеток, откако се спои со друг случај во кој осум лица се осомничени за обвинети за логистичка поддршка на групата.

Вкупно осум припадници на Министерството за внатрешни работи загинаа во дводневните престрелки, а кој е мозокот на операцијата и за што војуваа македонските безбедносни сили се уште не е целосно разјаснето. Осомничените тврдат дека се невини и дека не планирале терористички напад.

 

Loading...