Во текот на ноќта и изутринава ведро и релативно студено, само во крајните југозападни делови во текот на ноќта имаше умерена до значителн облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот не очекува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максимална температура од 12 до 18 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време. Ќе дува претежно сверен ветер со умерен интензитет, а максималната дневна температура ќе достигне 17 степени целзиусови.
И утре ќе биде ведро, што ќе услови на места утринските температури повторно да бидат негативни, но сепак малку повисоки од денешните. Дневните температури ќе бележат пораст. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, а од петок можен е и слаб локален доджд.