Вчера во 17.20 часот од страна на непознати лица извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Каменувањето е извршено на влезниот сигнал на железничката станица Куманово кај селото Черкези, при што е искршено едно прозорско стакло од врата, а напукнати се и две стакла од вагон. Повредени лица нема.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.