Неколку сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на различни локации ширум државата, а во нив се повредени неколку лица, дел со полесни повреди пуштени на домашно лекување, а дел од нив задржани во болниците.
Како што информираат од Министерството за внатрешнир аботи, во 14.10 часот на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М. (30) од Росоман и ТМВ „Опел Корса Фургон“ со скопски регистарски ознаки, а управувано од Л.П. (61) од с. Ваташа. Во незгодата А.М. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите веднаш е пренесен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Кавадарци.
Во 16.20 часот на магистралниот пат Штип – Велес, населба Три Чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мицубиши Пајеро“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (71) од Штип и ТМВ „Форд Транзит“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ. (54) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д.(41) од Св.Николе, сопатничката во ТМВ „Форд Транзит“, на која и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип, по што е задржана на лекување. Со телесни повреди се здобиле четири сопатнички во ТМВ, возачот на ПМВ „Мицубиши Пајери“ и неговиот сопатник, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
Во 18.40 часот во населба Топанско Поле – Скопје се случила сообраќајна незгода во која С.И. (35) од населба Бутел, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола над истиот и паднал. Во незгодата С.И. се здобил со тешки телесни повреди. На истиот му била укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа на СВР СКопје.
Во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Шкода Јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба. Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар. По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
фото: архива