Девизи украдени од куќа во село Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 09.00 часот телефонски во СВР Куманово, Е.Ј. (62) од селото Депце-Прешево, Република Србија, со живеалиште во село Табановце, кумановско, а на привремена работа во Швајцарија, пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа во селото Табановце.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, екипа од СВР Куманово извршила увид и било констатирано дека во периодот од јануари 2017 година до 22.03.2017 година непознат сторител со подесен предмет насилно ја отворена влезната врата на едната куќа, извршил пребарување и нашол клучеви од другата куќа сместена во ист двор. После тоа влегол внатре и по извршено пребарување одзел златен накит, околу 7.500 швајцарски франци и евра во разни апоени, 400 американски долари и други разни предмети.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.