Денеска сончево до умерено облачно со температури до 16 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува сончево до умернео облачно време. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 12 степени целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Преодно зголемување на облачноста ќе има утре и во недела, кога ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег. Утринските температури на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела.