Поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување со истата денеска во период од 08,30 до 15,00 часот ќе биддат, улиците „Дојранска“, „Х.Т.Карпош“, „Киро Фетак“, „Белградска“, „1 ви Мај“, „Вера Ц.Трена“, „Сава Ковачевич“ и „Ристовац“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Како што стои во извештајот во период од 11,00 до 13,00 прекини со снабдувањето ќе има во дел од улициаа „Кирил и Методиј“, додека во периодот од 13,00 до 15,00 дел од улицата „11 ти Новември“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.
Снабдувањето во останатиот дел од градот се одвива непречено.