36-годишен кумановец пронајден мртов во својот дом

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 20.00 часот во Куманово, на улицата „11-ти Ноември“ , во семејната куќа пронајден е починат И.С. (36).

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и доктор мртвопроверител. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.