Спречен обид за изнесување фалсификувани девизи на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за изнесување од државата на дваесет и седум илјади и седумстотини фалсификувани евра, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вчера околу 7 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко возило со српски регистарски таблици управувано од српски државјанин. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговорило дека нема ништо за пријавување. И покрај таквата изјава, поради постоење на сомнение возилото и лицето биле селектирани за преглед. При контролата на возилото и патникот, во наслонот помеѓу предните седишта, во врзано снопче со ластик замотани во бела хартија пронајдени биле девизи. Царинските службеници забележале дека има 39 банкноти во апоени од по 100 EUR, 39 банкноти во апоени од по 200 EUR, како и дека 32 парчиња во апоени од по 500 EUR, ситесо ист сериски број. При преглед со UV лампа констатирано било дека девизите се со лош квалитет и се фалсификувани. По извршениот преглед, српскиот државјанин бил лишен од слобода и предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, со цел преземање на понатамошни предистажни дејстивја.

 

Loading...

 

Од спроведената предистражна постапка, собрани биле докази кои укажуваат дека осомиченото лице фалсификуваните евра ги изготвил сам и ги испечатил со печатач во боја на обична хартија, а истото е потврдено од страна на НБРМ при вештачењето на парите.

Царинската управа против осомничениот до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Фалсификување пари“, а осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во Основен Суд Куманово кој му одреди мерка претпазливост – привремено одземање на патна исправа со обврска да се јавува во судот два пати неделно.