Во текот на вчерашниот ден во 13.45 часот во Полициска станица Куманово, М.И. (46) од Куманово пријавил дека непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во село Романовце, кумановско, сопственост на Ј.Ш. (59), кој се наоѓа на привремена работа во Швајцарија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово при што било констатирано дека непознатиот сторител, во периодот од 05.03.2017 до 12.03.2017 година, насилно ја отворил влезната врата од гаражата, и преку истата влегол во куќата, извршил пребарување и одзел еден пиштол „Застава“ калибар 7,62мм.
СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.