Со пари од Амбасадата на Јапонија ќе се реновира ООУ „Вук Караџиќ“

Сподели со своите пријатели

Доделени се 67.830 евра од Амасадата на Јапонија во Скопје, наменети за реновирање на кумановското основно училиште Вук Караџиќ, изградено во почетокот на седумдесеттите години.

Кровот и дрвените прозорци на училиштето се сериозно оштетени, а како последица од тоа ѕидовите се полни влага и има недостаток на топлина во училниците и ходниците во текот на грејната сезона.

Преку овој проект, Владата на Јапонија ќе финансира целосно реновирање на кровот на училиштето, набавка на нови и замена на старите прозорци, со што значително ќе се подобри безбедноста на учениците, а загревањето на училишните простории ќе може да се оствари со полн капацитет.

Донацијата има вкупна вредност од 368.626 евра за вкупно шест проекти низ целата држава.