Во следните денови пора ди спуштање на постудени воздушни маси од север, ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви пе риоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник, најпрво во западните делови, ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Кон вечерните часови снег може да се очекува и во некои места над 800 м.н.в. Ќе се формира и помала снежна покривка.
Во текот на наредната седм ица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе бидат во интервал од -3 до 4 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени, стои во соопштението на УХМР.