Сите знаеме дека водата е од витално значење за животот и здравјето, но тоа не значи дека треба постојано да пиеме многу вода. Исто така, многу е важно и каква вода пиеме. Доколку се најдете во следните 5 ситуации, размислете два пати пред да посегнете по чашата вода…
1. Веќе сте испиле вода во поголема количина
Иако ова се случува многу ретко, сосема возможно е да се испие преголема количина на вода која е штетна по здравјето. На пример, луѓето паѓаат во искушение да испијат многу вода одеднаш ако се занимаваат со напорен спорт или ако мислат дека пиењето голема количина ќе им помогне при детоксикација.
Не треба да се пие многу вода одеднаш, бидејќи така во телото се нарушува рамнотежата на солите, односно на натриумот, што може да доведе до мачнина и повраќање. Многу поздраво е да се пие вода рамномерно во текот на целиот ден, но во помали количини.
2. Урината ви е бистра
Ако урината ви е проѕирна, бистра и светла (како боја на лимонада), тоа значи дека вашето тело е снабдено со доволно течности и нема потреба да претерувате со пиењето вода. Но, ако урината има темно жолта боја, тоа е знак дека можеби е време за чаша вода.
3. Сте изеле обилен оброк
Еден од наједноставните начини да го намалите бројот на калории што ги внесувате е да се напиете чаша вода пред оброкот и на тој начин ќе изедете помалку храна од вообичаено, бидејќи течноста зазема одреден простор во желудникот. Но, од истата причина пиењето преголема количина на вода пред или во текот на оброкот може да го забави варењето на храната и да предизвика нелагодност и подуеност.
Пиењето вода непосредно по оброкот исто така не се препорачува, бидејќи треба да му дозволиме на дигестивниот систем на мира да ја обработи храната пред повторно да го „залиеме“ со течности.
4. Подолго време сте вежбале интензивно
Тоа не значи дека не е пожелно да пиете течности во текот на вежбањето, но мора да го имате предвид следново: При голем телесен напор, телото се поти и на тој начин губи важни електролити како што се калиум и натриум. Тоа значи дека ќе треба да го надоместите нивниот недостаток, а чистата вода не ги содржи во големи количини.
Но, внимавајте со спортските пијалаци кои содржат електролити, бидејќи тие честопати се и зашеќерени.Внимателно проверете кои состојки ги содржи напивката со електролити што планирате да ја испиете. Наместо тоа, можете да се напиете кокосова вода која е нискокалорична, но природно богата со калиум, натриум и магнезиум.
5. Сте купиле вода со „слатка тајна“
Понекогаш чистата, обична вода ни се чини премногу обична кога постои толку голем избор на интересни води збогатени со различни вкусови. Но, таквите пијалаци неретко содржат многу шеќери или вештачки засладувачи кои не се добри за вашата линија.
Истражувањата покажале дека таквите засладувачи не се добри ниту за варењето на храната, а воедно и го зголемуваат чувството на глад и можат да доведат до дебелеење. Ако сакате да ја збогатите водата со некаков вкус, направете го тоа сами, со природни додатоци. Одличен избор се лимонот, лиметата, краставицата, лубеницата и нането.
kafepauza.mk