Во понеделник шеесет и трета седница на Советот на Општината Куманово

Сподели со своите пријатели

Во понеделник со почеток во 10 часот започнува шеесет и треттата седница на Советот на Општината Куманово, на која советниците ќе расправаат по 18 точки на дневниот ред, меѓу кои и програми за работа на јавни претпријатија, но и по годишниот извештај на Општина Куманово за 2016 година.

 

Loading...
  1. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2016 година;

  2. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2016 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;

  3. Предлог –Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2016 година;

  4. Годишен извештај на Општина Куманово за 2016 година;

  5. Предлог – Одлука за утврдување на цени за користење на тениски терени „23 Октомври“ во Куманово;

  6. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2016 – 31.12.2016 година;

  7. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2016 година;

  8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2016 – 31.12.2016 година;

  9. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2016 – 31.12.2016 година;

  10. Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2016 – 31.12.2016 година;

  11. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово 2015 – 2017;

  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4125/2, м.в. Донков Млин  КО Куманово – Општина Куманово;

  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4075, м.в. Велешки пат  КО Куманово – Општина Куманово;

  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1087, КП 1088 и дел од КП 4562 м.в. Вртача КО Довезенце – Општина Куманово;

  15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2985 м.в. Јогупка КО Орашац – Општина Куманово;

  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1935 м.в. Река КО Горно Којнаре – Општина Куманово;

  17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ЛЦ (Локален центар) во А1-Домување во станбени куќи за дел од   УЕ 11-ти Октомври, дел од УБ 38 за КП 9458 – Општина Куманово;

  18. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2017 година

Седницата можете да ја проследите со директен пренос од 10:15 часот на локалната Телевизија „ПЛУС“.