Рушејќи ѕид во Слупчане пронашол две кинески бомби

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчераниот ден околу 10.40 часот во Полициската станица Матејче, А.Р. (55) од селото Слупчане, општина Липково, пријавил дека додека рушел ѕид со работна машина-багер, од надворешната страна од ѕидот покрај селскиот пат, пронашол две рачни рачни бомби-кашикари покриени со шут.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, бомбите се од кинеско производство, без ознаки и биле исправни. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасувње Куманово, пронајдените експлозивни направи се подигнати за понатамошна постапка.