Кумановка ограбена од својот сосед

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15.00 часот во Куманово на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ А.И., кој живеел под кирија во истиот двор со Ш.А. (49), извршил разбојништво во нејзиниот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.

А.И. ја искршил влезната врата, влегол внатре, и со вербална закана побарал пари од неа. Откако Ш.А. успеала да избега, А.И. извршил пребарување и од нејзината чанта одзел 500 евра по апоени од 100 евра.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.