Голем одзив на крводарителската акција во Гимназијата „Гоце Делчев“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 176 ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ вчера зедоа учество во крводарителската акција организирана од страна на Црвениот Крст и Центарот за трансфузиона меидица. 

 

Loading...

 

На акцијата биле собрани седумдесетина крвни единици, бидјеќи со оглед на големиот број пријавени ученици, медицинските екипи не успеале да ги проверат сите оние кои сакале да бидат дел од акцијата.

Ние сме рекордери во Куманово од сите средни училишта, во просек околу 85 дарувања сме имале во претходните акции – изјави наставникот Драган Илиевски.

 

Со цел да помогнат да се спаси нечиј живот гимназијалците се одлучија да се впушат во хуманата мисија, а за некои ова е и второ дарување годинава.

Треба да даруваме крв, да бидеме хумани, на тие што можеме да им помогнеме и на ваков начин кој ни одзема 15 минути време, можеби од страв најчесто, а не дека не сакаат да помогнат – велат учениците.

 

Ова ми е прв пат како давам крв, чувството е добро, нема никакви потешкотии, им порачувам на останатите ученици да даруваат крв затоа што тоа е пред се хуман чин – велат учениците.

Loading...

 

Инаку гимназијата два пати годишно организира вакви крводарителски акции на кои учениците секогаш покажуваат дека се хумани храѓани.