50 семејства на стечајни работници останаа без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Педесетина семејства на стечајните работници веќе одреден временски период се без електрична енергија, откако поради насобраните долгови, ЕВН одлучил да ги исклучи од системот за напојување.

За денеска стечајците имаа закажан протест пред просториите на подрачното одделение на ЕВН во Куманово, но истиот беше откажан откако раководството на компанијата ги повикало претставниците на Здружението на разговор на кој треба да се изнајде решение за проблемот.

Имаме полно право, псоебно за тие сметки постари од 10 години, да видиме како да ги решиме, затоа што драстичнис е каматите, ако е 6.000 струја, не може да биде 12.000 камата, тоа е чист грабилизам, затоа е револтиран народот и затоа се исклучува струјата на оваа најпогодена категорија работници кои работеле и граделе, сега да живеат во 21 век без струја мислам дека е страшно. Од нивна страна беа коректни не повикаа на разговор, да видиме што таму ќе се случи, ако не најдме заеднички разговор, ќе почнеме со протести, со правни лица да не застапуваат, да видиме како може тоа правно да се изведе – изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Здружението на стечајни работници.

Како што вели претседателката на Здружението на стечајни работници, Лилјана Георгиевска, народот живее од денес за утре, а немаат ниту пари за леб и лекови.

Луѓето дојдоа до тој степен што немаат пари ниту за леб. Многу пати тука и за лекови се собираат парите, кој колку имаме дадеме, што не можеме да постигнеме, имаме многу болни, собереме по 1.000-2.000 за некого за инекции, за лекови, за оние што се најтешко болни, даваме и за леб пари, и ние немам веќе да одвојуваме, чланарината знаете како се собира секој месец, луѓето од каде да дадат – додава Георгивска.

Стечајните работници се плашат дека за брзо време ќе останат и без поддршката од локалната самоуправа, која поради нераспишувањето на изборите ќе нема ингеренции, а со тоа нема да може да им помага како во изминатиот период.

Аплеираа да се реши политичката криза и доколку СДСМ состави Влада да се изгласа законот кој претходно партијата им го ветила, а со тоа да добијат и минимални примања со кои ќе можат да живеат до пензионирањето.