СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Л. (21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 29.01.2017 година околу 02.00 часот во Куманово на улица „Ленинова“ во ноќен клуб, пријавениот откако почнал да се однесува агресивно бил изведен надвор од страна на лицата кои го обезбедуваат објектот. После тоа од возилото зел пиштол непозната марка со кој им се заканувал на истите.