СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Е. (42) од селото Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот во текот на август 2016 година ангажирал работна машина и извршил поткопување на ножицата на насипот на железничка пруга Куманово-Скопје во селото Романовце, со што постоела можност од свлекување на колосекот на пругата и директно ја загрозил безбедноста на железничкиот сообраќај.