Оокажете на жената во вашиот живот колку ви значи, макар со мало изненадувањ ена нивниот ден. Утре е 8ми март, а некои се уште не смислиле какво изненадување би приредиле за својата мајка, сестра, жена или девојка.
Она што е најважно да го знаете е барем едно хоби или интересирање за жената на која сакате да и купите подарок.
Инспиративна книга
Ако дамата во вашиот живот сака да чита, тогаш книгата е идеален подарок за вас. За 8ми март можете да ги истражите книгите кои асоцираат на моќни жени или оние кои ја промениле историјата, па така ќе покажете што мислите за неа.
Ден во спа центар
Таа ќе доживее вистинско опуштање на овој начин. Тоа е одличен подарок, посебно кога е во прашање личност која премногу работи и нема време да се почести со заминување во спа.
Убав сет за капење
Со таков подарок, ако е во прашање маж кој прави изненадување, може да подготви и пенлива купка и да се придружи.
Торба за патување
Жена која често патува и не размислува за тоа можеби има потреба од нов, убав ранец или куфер, кој со задоволство ќе го носи секаде.
Фотографии
Скенирајте ги нејзините стари фотогравии, како и вашите и направете големо пано, кое ќе биде натрупано со спомени и заеднички моменти.
Чоколадни лалиња
Наместо класичен букет цвеќе, кој брзо ќе се исуши, купете и на саканата личност чоколадно цвеќе, кое ќе може да го подели и со вас.
Необично цвеќе
Наместо класични рози, купете и кактус или некое друго необично растение, кое нема брзо да се исуши, туку ќе стои во саксија и постојано ќе ве потсетува на вас.
Loading...