Многу луѓе сакаат да го остават пушењето, но се плашат дека кога тогаш ќе потклекнат, ќе се здебелат или слично. Доколку не сакате да запаѓате во никотинска криза и сакате да ги оставите цигарите без користење на било какви лекови, можете да се обидете на следниот начин.
Потребни ви се:
20 милилитри ладен чај од камилица
шолја свеж сок од лимон
шолја свеж сок од грејфрут
30 милилитри кокосово масло
30 милилитри масло од јојоба
30 милилитри маслиново масло
5 грама сушено оригано
Подготовка
Сите состојки сипете ги во ист сад и добро измешајте, се додека не добиете компактна смеса која ќе ја сипете во стаклено шише или тегла, која може добро да се затвори.
Loading...
Употреба
Секој ден кога ќе почуствувате потреба за цигара, намачкајте малку испод носот од овој сок или неколку капки ставете на нешто што подоцна ќе го мирисате.
Напомена
Успешноста на оваа метода е индивидуална и зависи од личност до личност. ДОколку не сте сигурни дали овој начин на одвикнување ви договара, би било добро да се обратите кај вашиот лекар.