Три интервенции на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во изминатото деноноќие бележат три интервенции во деменот на својата работа, меѓу кои две на запален смет и едно запалено дрво, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била вчера во период од 08:40 до 09:17 часот кога тројца пожарникари со едно протвипожарно возило интервенирале на улицата „Доне Божинов“ на запален смет во контејнер.

ВО втората интервенција пожарникарите интервенрирале на запален смет во атарот на селото Четирце, кога тројца пожарникари во период од 14:50 до 15:45 се бореле да го локализираат огнот.

Третата интервенција се случувала во период од 16:31 до 17:42 кога тројца пожарникари со едно возило интервенирале во гаснење на запалена врба во атарот на селото Лопате.

Завчера пак во период од 18:55 до 19:30 пожарникарите од ТППЕ Куманово гаснеле запалена елекрична бандера лоцирана на булеварот „Трета МУБ“ кај месноста Митев Мост.

 

Loading...