Вчера околу 11 часот Р.И. роден 1939 година од селото Косматац од Куманово, поправајќи го својот трактор го изгубил својот живот во несреќен случај во дворот на неговата семејна куќа.
Како што информираат од Итната медицинска помош, Р.И. поправајќи го тракторот бил покрај него, но во еден момент возилото само започнало да се движи при што го прегазило 78-годишниот кумановец. На лице место се упатила екипа на Итната медицинска помош, но веднаш по пристигнувањето била констатирана смрт.
Loading...