Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и претежно тивко време. На повисоките места започна да дува слаб до умерен јужен ветер.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот ќе имам претежно ончево и топло време. Попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има и услови за ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови и ќе се формира нова снежна покривка. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда. Вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Дневната температура ќе биде во опаѓање.