Дамјановски: Нема да поднесам пријава за заканите кон моето семејство (видео)

Сподели со своите пријатели

„Индивидуалните испади на поедини хулигани нема да ги коментирам, јас сум секогаш тука, слободен, одам сам во Куманово, спремен сум на сите провокации од такви недолични луѓе кои немаат ниту кредибилитет ниту интегритет да се дебатира во општеството со нив“ – вели градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски откако вчера на негова сметка од страна на Предраг Петрушевски, претседател на здружението „Бранители“ на протестот за одбрана на Македонија, беа упатени закани кон неговото семејство.

Петрушевски со вулгарен речник индиректно упати закани по животот на семејството на градоначалникот Дамјановски, со што повика на насилство и ширење омраза пред ансобраната толпа, скандирајќи ги стиховите:

Излези зоки право на тераса, погледни во очи македонска раса, горе не ти личи некој фамилију ќе ти гу спи*и.

Loading...

Дамјановски денес вели дека непотребно се прави тензија меѓу граѓаните на Македонија, а се прават подебли и меѓу Македонците, но и на меѓуетничкиот соживот.

Мислам дека тоа е една хистерија, безобразлук на пеодинци кои ги кристат овие комплицирнаи политички услови во Македонија да го изразат својот однос кон општеството. Тоа се кукавици луѓе, луѓе кои немаат интегритет. Не сакам да коментирам за луѓе за кои недораснале да дебатираме во општеството, со такви закани се прави една бариера, интеректички конфликт, ние влегуваме полека, но сигурно во поделба во македонското национално ткиво, а тоа е предвесник и на меѓуетничките поделби, непотребно се прави оваа тензија, проблемот со платформата е на политичка одговорност на тие што ќе ја водат државата и во која насока ќе го еродираат Уставот, ако го еродираат. Сигурно знам дека сите договори се во рамки на Уставот на Република Македонија, употреба на јазиците е нешто што постои уште во 2008 година со закон кој го донесоа партиите на власт и мислам дека тие договори се нешто за кое треба да се залагаме сите, затоа што законите не се донасаат само за хартија туку треба да бидат применливи – изјави Дамјановски.

Протестот на граѓанската иницијатива продолжува и вечерва во 17 часот кој ќе започне на крстосницата помеѓу „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, а ќе заврши на градскиот плоштад.