Изложбата „Жените и фотографијата“ традиционално по повод 8ми март
On:
Сподели со своите пријатели
По повод 8 -ми март, Светскиот ден на жената, Фото клуб Куманово по четврти пат ја организира меѓуклупската изложба насловена како „Жените и фотографијата“.
На изложбата ќе бидат претставени 60-тина фотографии од авторки од Куманово и останатите градови на Република Македонија. Фотографиите се во селекција на Жаклина Стефановска, повеќегодишен член во ФК Куманово.
Изложбата ќе биде отворена во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово на 3ти март во 19:30 часот.