СВР Куманово поднесе кривична пријава против четиринаесетгодишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот на 26.01.2017 година околу 22.35 часот на ул. „Кирил и Методиј“ забележал паркирано ПМВ „Сеат Толедо“ со клуч кој бил оставен на бравата, го стартувал и употребил за возење, а со намера да го отуѓи.
На 27.01.2017 година од страна на полициски службеници бил фатен како го управува.