СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д. (21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот на 23.01.2017 година околу 14.40 часот на бул. „Трета Македонска Ударна Бригада“ одзел патничко моторно возило марка „Голф“ сопственост на М.С.. Пријавениот со подесен клуч го стартувал и употребил за возење се до 31.01.2017 година кога го оставил на улицата „Вараждинска“, каде од страна на полициски службеници било пронајдено и со потврда за вратени предмети било вратено на оштетениот.