Денес сончево и топло, утре услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Во најголемиот дел ведро со мала до умерена облачност, само на југоисток има зголемена облачност, а во Струмичко има појава на магла. Понекаде дува слаб претежно јужен ветер, информираат од УХМР.

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. На југозапад ветерот повремено ќе засилува. Попладне на запад и облачноста ќе се зголемува. Температурата во интервал од 13 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, а максималанта дневна температура ќе достигне 17 степени целзиусови.

Утре од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине и влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд понекаде и со умерен интензитет, а на високите планини врнежите ќе се од снег. Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. Попладне ќе дува северозападен ветер кој повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опаддне за 3 до 5 степени.

До крајот на неделата ќе биде стабилно со постепен пораст на дневните температури.