„Марш за заедничка Македонија“ денеска и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Доцна попладнево со почеток во 17 часот е најавено да започне „Марш за заедничка Македонија“ и во Куманово, а судејќи според најавите на социјалните мрежи истиот треба да започне кај Спортската сала во Куманово.

Не е познато кој е организатор на маршот под мотото „Црвената линија ја поминавте, црвено-жолтата не“, а како организатор на социјалната мрежа е наведена Ана Влчева која за место на живеење го ставила Скопје, но судејќи по изгледот на профилот најверојатно е лажен.

Протестите доаѓаат само два дена откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика народот да си ја одбрани татковината, а токму вчера пред домови на пратениците на СДСМ осамнаа заканувачки графити и чкртаници, а меѓу нив Максим Димитриевски и Оливер СПасовски.

Неофицијално, Алсат-М пренесе и дека над 200 возила останале со издупчени гуми, па работилниците на вулканизерите низ градот биле преполни.