Кумановец со нож се заканувал на мајка и малолетно дете за 300 денари

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против У.Ф. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот на 21.02.2017 година околу 10.30 часот во Куманово на ул. „Јоско Илиевски“ со закана со нож извршил разбојништво над С.М. (24) и нејзиниот 13 годишен син. Пријавениот им побарал 300 денари, по што истите почнале да бараат помош, а пријавениот без да земе нешто избегал.