Граѓаните може да аплицираат за грантот за самовработување

Сподели со своите пријатели

Деновиве е донесен 10-от јубилеен оперативен план на владата на Македонија составен од 30-ина мерки кои  во досегашниот период дадоа свој придонес во намалување на бројот на невработени во Куманово, вели Милорад Тренчевски, раководител на Агенцијата за вработување.

Годинава како што посочи Тренчевски лимитот за неповратни средства за мерката самовработување е зголемена на износ од три до четири илјади евра за секоја креативна идеја и бизнис план.

Право на учество имаат сите невработени лица во 2016 година со оваа мерка имаме основано 106 микропретпријатија во трите огласи што изминаа во минатата година. Воедно апел до сите невработени лица кои имаат креативност во себе да повелат во агенцијата за вработување да се информираат каде ќе ги добијат сите упатства за учество во мерката – изјави Тренчевски.

Освен овие мерки во следниот период ќе во рамките на владиниот оперативен план ќе се спроведат и неколку други проекти со цел намалување на невработеноста.

Во наредниот период ќе бидат активирани  и другите огласи што се дел од оперативниот план тоа се обуки, обука со субвенционирано вработување, обука кај познат работодавач, дефицитарни занимања, напредни ИТ вештини за сообраќајната струка исто така е атрактивна, јазици, компјутери тука е и мерката доделување на грант за отворање на приватни старски домови, детски градинки што ќе бидат субвенционирано по 10.000 евра од државата. Паралелно со оперативниот план во агенцијата за вработување е инсталиран и регионален офицер од ИПА програмата, финансирана од Европска унија кој е ангажиран за Куманово, Кратово, Крива Паланка, Пробиштип и Свети Николе – посочува Тренчевски.

Бројот на невработени лица во Општина Куманово изнесува 18.951 од кои 9.830 се активни баратели на работа.

Инаку огласот за самоработување е отворен до 10ти март.