Утре со почеток во 11.00 часот во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон ќе го одбележат 26 ти февруари, Денот на единицата.
Во годината во која АРМ одбележува 25 години од своето формирање, покрај активностите предвидени со Правилото на воен протокол, единиците од состав на баталјонот ќе изведат дефиле, КУД “Срма” и КУД “Бајрам Шабани” пред присутните ќе презентираат дел од својот репертоар, а на крај присутните ќе имаат можност да проследат презентација на дел од вооружувањето, опремата и возила со кои располага стриницата.
Претходно по повод одбележувањето на Денот на единицата, делегација положи свежо цвеќе пред спомен плочата во селото Жегљане.
На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, поранешните команданти на единицата, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.
Воедно, овој ден е отворен за сите граѓани кои сакаат да ја проследат воената свеченост во касарната “Боро Менков” .
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 26 ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на Трета Македонска Ударна бригада, а врз кој заедно со други важни датуми од историјата, се темелат традициите на АРМ.
Loading...