Тројца татковци од Куманово минатата година користеле породилно отсуство

Сподели со своите пријатели

Вкупно 54 мажи од кои тројца од Куманово во текот на изминатата година го искористиме правото на породилно боледување. Најмногу се регистрирани во Битола и тоа осум случаи, 4 во Струмица и по три во Велес, Кочани, Куманово, Охрид и Тетово.

Законот за работни односи предвидува право на платено породилно отсуство од работа поради бебе или на мајката или само на таткото. Во 9те месеци од боледувањето државата исплаќа плата во износ на онаа која работодавецот ја исплаќал на корисникот.

Татковците кои сакаат да ја користат оваа можност треба да достават извод на родени за детето и потврда дека мајката се враќа на работа, но тоа треба да се направи во рок од 45 дена.

Според статистиките на Фондот бројката на мажи кои се одлучуваат за породилно отсуство од година во година е во пораст, во 2015 тоа го сториле 29 лица, во 2014 -14, во 2013-16, а во 2012-19.