Три улици во градот денеска без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Денеска во период од 09:00 до 12.00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од улиците: „Никола Тесла“, „Јоско Илиевски“ и „Гиго Цветановски“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во текот на вчерашниот ден без електрична енергија беше локалитетот Гарнизон, а станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електродистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата кон корисниците.

Во овој моментво останатиот дел од градот снабдувањето се одвива непречено.