Дополнителни вработувања во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

На денешниот Совет на Општина Куманово беше изгласана измена на предлог одлуката за измена на годишниот план за вработување во Општина Куманово.

Со измената се предвидува дополнително вработување на 15 лица со што вкупно оваа година би требало да бидат вработени 63 лица. Советниците од ромска и српска заедница во дискусијата се пожалија на нерамномерна застапеност на националностите при конкурсот за вработување. Секретарот на општината пак вели дека процентуалната застапеност ја дефинира Министерството за информатичко општество и администрација.

Како што рече Бобан Јаќимовиќ од ДПСМ во предлог програмата за вработување нема предвидено вработување на ниту едно лице од српската заедница.

Од друга страна критики за нерамномерна застапеност на ромската заедница упати советникот Ашмет Османовски кој вели дека пет Роми.

Од друга страна секретарот на Општина Куманово Валетина Алексовска вели дека што се однесува до српската заедница, процентот кој го предвидува Министерството за информатичко општество и администрација е исполнет бројот на вработени Срби, со оглед дека 26 лица кои се веќе вработени се изјасниле како припадници на таа заедница.

Во општина Куманово има 200 вработени од тоа: 137 Македонци, 31 Албанец, 26 Срби, 1 Ром и 5 од останатите националности.