Амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео денеска оствари протоколарна посета на Општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски.
На средбата била развиена плодна дискусија од час и половина, при што Дамјановски ги запознал амбасадорот и неговиот замник со специфичните економски состојби во локалната самоуправа, а се зборувало и за инвестициите, образованието, етничките и културни односи.
Денеска имаме чест во протоколарна посета прв пат во нашата општина е новиот амбасадор на Италија во Македонија, и неговиот заменик, во најголем состав дојдоа со еден советник од амбасадата. Денеска имавме една плодна дискусија час и половина портоколарно се запознава со сите специфики на општината пред се за економските сегменти бидејќи знаете дека во Куманово едни од поголемите инвестиции во минатите 10 години беа италијанските инвестиции, за образованието, културата пред се италијанскиот јазик се изучува во неколку основни и средни училишта така што зборувавме за актуелните случувања во градот, етничките односи, културолошките разлики, спецификата на политуичкиот систем во Македонија и се она што е просперитет на Куманово и Република Македонија во однос на евроинтегративните процеси – изјави Дамјановски.
Амбасадорот дал и свои видувања за тоа како треба да се засилат демократските процеси, стабилноста, безбедноста, а пред се економскиот просперитет на државата и општината.
Оваа наша прва службена посета разговаравме за општината, локалните проблеми, италијанските инвестиции во оваа општина сегашните но и идните во контекст на тоа сега ќе одиме да посетиме една таква инвестиција тука во општината и потоа и гиманзија во која знаеме дека се изучува италијанскиот јазик и има повеќе од 200 ученици кои го прават тоа, тоа ни е многу драго и сакаме да ја продлабочиме соработката од секоја гледна точка за промовирање и соработка на италијанскиот јазик и култура – изјави амбасадорот Ромео.

